Клинтон користела приватен мејл, бидејќи и билo полесно

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека во текот на мандатот користеле приватен мејл за официјална преписка, бидејќи така и било полесно. Во нејзиното прво јавно обраќање во врска со овој проблем, Клинтон призна дека требало да го користи мејлот на владата, но оти и вака не сторила ништо лошо. Таа додаде дека му ги дала на Стејт департментот сите нејзини мејлови што биле поврзани со работата. Стејт департментот соопшти дека ќе ги објави откако ќе ги прегледа. Станува збор за околу 55 илјади печатени страници. Според американскиот федерален закон, преписките на официјални лица се сметаат за владини документи.