ИД објави ново видео на убиство на наводен израелски шпион

Милитантите на Исламската држава поставија на интернет видео на кое се прикажува убиство на палестинско момче кое било обвинето за израелски шпион. Во 13 минутното видео се гледа како маскиран милитант и младо момче стојат зад друго момче кое клечи на земјата. Милитантот на француски вели дека затвореникот идентификуван како Мохамед Саид Исмаил Мусалам бил испратен како шпион на Мосад. Веднаш потоа тој е застрелан во главата. Милитантите на Исламската држава од минатата година поставиле неколку видео снимки на убиства на затворени странски граѓани, а најмасовно беше убиството на дваесетина египетски копти во Либија.