Додека Заев објавува „бомби“, МВР го сомничи за корупција

Архивска фотографија.

Во ек на објавување на „бомбите“ за изборни кражби, МВР вечерва соопшти дека документирале и целосно расчистиле случај на класична корупција во кој како осомничен се јавува градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ Зоран Заев.

Министерството за внатрешни работи денеска целосно расчисти и документираше случај на класична корупција во кој како осомничен се јавува првиот човек на Општина Струмица, стои во соопштени на МВР. Во соопштението се наведува дека пријавениот, во периодот од месец ноември 2013 година до денес, во својство на службено лице Градоначалник на Општина Струмица, на лице од Струмица директно за себе и за друг, му побарал подарок за да му се приватизира градежно земјиште. Како што пишува во соопштението, градоначалникот побарал по 2 евра од метар квадратен, а вкупна површина на земјиштето била околу 100.000 м2, така што вкупната сума што е побарана од оштетениот изнесува околу 200.000 евра, пишува во соопштението. Па така МВР го товари градоначалникот на Струмица за кривично дело „Примање поткуп“ од член 357 од КЗ. Во меѓувреме во Универзална сала во тек е објавувањето на така наречената осма бомба на СДСМ, овој пат за изборни нерегуларности.