Најмалку седум жртви во самоубиствен напад во Авганистан

Најмалку седум лица се убиени во јужен Авганистан во самоубиствен напад со автомобил бомба на полициски контролен пункт. Повеќе од 20 луѓе се повредени. Заменик Гувернерот на провинцијата Хелманд, Јан Расулар, рече дека нападот се случил денеска во главниот град на покраината Лашкар Гах. Меѓу загинатите има и полициајци и цивили. Никој досега не ја презеде одговорноста за нападот, кој доаѓа откако авганистанските сили се борат против зголемената милитантност на Талибанците.