Обама против писмото на сенаторите до иранските лидери

Американскиот претседател Барак Обама го оцени за иронично писмото на 47 американски сенатори од редовите на републиканците до иранските лидери. Во него тие предупредуваат дека секој нуклеарен договор меѓу администрацијата на Обама и Иран може да биде краткотраен ако не биде одобрен од Конгресот. „Мислам дека некако е иронично да се види како некои членови на Конгресот сакаат да најдат заедничка цел со екстремните во Иран. Тоа е невообичаена коалиција. Сега ни е главно да видиме дали можеме да постигнеме договор или не“, рече Обама. Вашингтон и петте други светски сили се обидуваат да постигнат договор со кој ќе го спречат Иран да добие нуклеарно оружје во замена за олеснување на санкциите.