Порошенко оптимист во врска со примирјето во Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко даде главно оптимистичка оценка за тридневното примирје на истокот на земјата. Говорејќи за украинската телевизија тој изјави дека украинските сили повлекле, како што рече,„лавовски дел од тешкото оружје“, додавајќи дека тоа истото го сториле и проруските бунтовници. „Има примирје или нема зависи од тоа како ги гледате работите. Може да кажеме дека успеавме да ја задржиме офанзивата на агресорот“, изјави Порошенко. Од друга страна тој соопшти дека 64 украински војници биле убиени од почетокот на примирјето на 15 минатиот месец.