Сенаторите републиканци предупредија за преговорите меѓу САД и Иран

Група од 47 сенатори републиканци денеска предупредија дека секој договор меѓу администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама и Иран може да биде краткотраен, освен ако не биде одобрен од Конгресот. Во отворено писмо до иранските лидери, сенаторот Том Котон и 46 други сенатори републиканци рекоа дека без таква согласност, секој договорор ќе биде само меѓу Обама и иранскиот врховен лидер Ајатола Али Хаменеи. Во писмото се вели: „следниот претседател може да го отповика таквиот извршен договор и дека идниот Конгрес може да ги модифицира условите на договорот во секое време. Републиканците и дел од демократите сакаат да се гласа за било каков договор. Вашингтон и петте други сили се обидуваат да постигнат договор со кој ќе го спречат Иран да добие нуклеарно оружје во замена за олеснување на санкциите.