Путин одликуваше еден од осомничените за убиството на Литвиненко

Andrei Lugovoi, Deputy Chairman of the State Duma Security Committee.

Рускиот претседател Владимир Путин му додели висок државен медал на Андреј Луговој, пратеник кој е баран од страна на британската полиција за наводно убиство на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко во Лондон. Со декрет потпишан од Путин и објавен на официјалниот вебсајт се вели дека Луговој е награден со медал „за служба за татковината“ од втор степен за неговиот придонес за развојот на рускиот парламентарен систем и за активни законодавни активности. Во јануари, британскиот претставник на службата за контратероризам, реле дека убиството на Литвиненко со радиоактивен изотоп во 2006 година беше под истрага и дека Луговој и уште еден руски државјанин Дмитриј Ковтун се уште се бараат за убиство.