СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за изјавите на Груевски за прислушувањето

СДСМ со соопштение реагираше на вчерашните изјави на премиерот Никола Груевски дека опозицијата со креирани материјали лиферувани во јавноста сакала да се компромитираат луѓе и да се заборават нивните дела и работа. СДСМ оценува дека, по објавените материјали за изборни нерегуларности, веќе ништо не може да биде како порано. „Направени се сериозни кривични дела со кои се одржувале на власт, фалсификувани лични карти, „преспанци“, поткупи, казни и закани“, се вели меѓу другото во реакцијата на СДСМ. На ова реагираше ВМРО ДПМНЕ со оценка дека, како што се наведува, највисок дострел на СДСМ бил соработка со странски служби со цел дестабилизација на Македонија. „Наместо да понудат конкретна програма и проекти во интерес на граѓаните, тие се занимаваат со сплеткарења“, се наведува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.