Нема штети од земјотресот во Србија

Белград

Земјотрес со сила од 4,6 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван синоќа во Србија, но според првичните информации, не предизвикал штети. Епицентарот се наоѓал на деведесет километри, југозападно од Белград во близина на Ваљево.