Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во крајниот југоисточен дел можен е краткотраен локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе се движи од два до осум степени. Во Скопје слично време со температура до седум степени.