Москва: Распит на осомниченитe за убиството на Немцов

Портпаролката на судот во Москва Ана Фадејева соопшти дека двајца мажи со чеченско потекло Анзор Губашев и Заур Дадајев се обвинети за вмешаност во убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов. Тројца други пак се уште се само осомничени. Петмината денеска се изведени пред судот. Руските новински агенции ја цитираат судијката Наталија Мушикова која рекла дека Дадајев пред истражителите признал дека е инволвиран во убиството. Судот му изрече мерка притвор на Дадајев до 28 април. Се уште не е одлучено за притворот на Губашев. Судот исто така наредил другите тројца осомничени да бидат задржени во притвор. Меѓу нив се братот на Анзор, Шагид и Рамзан Бакајев и Тамерлам Ешкерканов кои се поврзуваат со Дадајев. Сите приведени се од Чеченија. Заега нема информација која би се поврзала со можниот мотив за убиството на опозицискиот политичар. Неговите соработници веруваат дека убиството е наредено од владини претставници, што беше демантирано.