Кина побара од Јапонија да признае вина за Втората светска војна

Кинескиот министер за надворешни работи ги возобнови повиците до јапонските лидери да ги напуштат обидите за намалување на националната вина за нивната агресија за време на Втората светска војна врз Кина и други земји. Ванг Ји на годишниот брифинг што се одржа денескаво Пекинг на репортерите им изјави дека историјата продолжува да влијае на односите меѓу Пекинг и Токио. Тој додаде дека јапонските лидери треба да ја признаат вината на земјата и бруталноста за време на Втората светска војна и да повлечат јасна линија со военото минато.
Јапонија ја нападна Кина во 1937 година, а се повлече дури на крајот на војната во 1945 година. Многу Кинези веруваат дека Јапонија никогаш не покажала вистинско покајување за нивниот удел во инвазијата и окупацијата. Кина планира да ја одбележи 70 годишнината од завршувањето на Втората светска војна со голема воена парада и други комеморации.