Генералниот секретар на ОБСЕ во посета на Грузија

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер денеска ја почнува четиридневната посета на Грузија. Како што е соопштено тој ќе се сретне со претседателот Иракли Гарибашвили, со министерот за надворешни работи Тамар Беручашвили и со грузиски парламентарци. Според министерството за надворешни работи на агендата се разговори за соработката меѓу Грузија и ОБСЕ со акцент на грузиските отцепени региони Абхазија и Јужна Осетија. Тбилиси соопшти дека Заниер ќе посети и камп во кој се наоѓаат Грузијци што ги напуштиле отцепените региони по шест дневната војна во август 2008 година.