Ново видео од кабинетот на Груевски

Синоќа на интернет сервисот Јутјуб беше објавено ново видео од кабинетот на премиерот Никола Груевски. На видеото се гледа како тој и претседателот на СДСМ Зоран Заев разговараат за изборните процеси, а Заев вели дека и да биле легални изборите СДСМ повторно ќе изгубел.

Во реакцијата на СДСМ пуштена по објавувањето на видеото во дел медиуми, се наведува дека Груевски правел ново кривично дело со тоа што преку интернет сервисот пуштал во јавност видео снимки од тет а тет разговори во неговиот кабинет, за коишто самиот,како што пишуваат во соопштението, пред некој ден рекол дека се направени со посебни истражни мерки на негово барање.

Ова е второ видео од средбата на двајцата политичари одржана во премиерскиот кабинет што се пушта во јавноста преку сервисот Јутјуб. Минатиот месец беше објавена снимка на која двајцата исто така разговараат во премиерскиот кабинет, а Заев вели дека материјалите ги добил од странска служба. Претседателот на СДСМ потоа рече дека така му рекол на премиерот за да го заштити изворот на информациите од УБК.