Борците од ИД уништија уште еден антички град во Ирак

Борците на Исламска држава го уништиле и античкиот град во Хатра во северен Ирак. Овој акт е последен во серијата напади врз ирачкото културно наследство. Хамид ал-Џабури, шеф на археолошкиот оддел на универзитетот во Мосул, рекол дека денеска бунтовниците ги разнеле со експлозиви античките урнатини и артефакти. Хатра се наоѓа на листата на УНЕСКО. Градот е одалечен 110 километри северозападно од Мосул. Населен е пред повеќе од 2000 години и е познат по храмовите.
Неговото уништување следува два дена откако ирачката влада соопшти дека бунтовниците од Исламска држава го уништиле и античкиот асирски град Нимруд во северен Ирак.