Кери во Париз на разговори за нуклерната програма на Иран

Американскиот државен секретар Џон Кери е во Париз за да добие европска поддршка за нуклераниот договор со Иран и покрај грижите на Франција дека договорот не е доволно силен. Кери пристигна во Париз денеска и се брифираше со колегите од Франција, Германија и Британија кои се дел од преговорите. Претходно неделава Кери се сретна и со иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф во Швајцарија во обид да го убеди Иран да ја ограничи нуклеарната програма во замена за ослободување од економските санкции. Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус вчера изрази скептицизам наведувајќи дека е постигнат напредок но дека се уште не е доволен. Страните имаат краен рок да постигнат договор до 31 март.