Проруските бунтовници тврдат дека го повлекле оружјето

Проруски ориентираните бунтовници во источна Украина соопштија дека завршиле со повлекувањето на тешкото оружје од линијата договорена со прекинот на огнот. Самонаречениот претставник на бунтовниците Едуард Басурин рече дека денеска е крајниот ден за повлекување на оружјето. И Александар Захаренко, лидер на самопрогласената народна република Донетск, рече дека бунтовниците целосно го тргнале оружјето од линијата, но нагласи дека украинската страна се уште не го сторила тоа. Во меѓувреме портпаролот на украинската војска рече дека владините сили продолжуваат со повлекувањето, но дека се подготвени да се вратат на позициите во кој било момент. Според договорот за прекин на огнот од септември двете страни се согласија да формираат тампон зона од 50 до 140 километри зависно од типот на оружјето.