Демпси изрази доверба во ирачките сили за операцијата во Тикрит

Американскиот армиски генерал Мартин Демпси изрази доверба во силите на шиитските бунтовници и ирачката владина војска кои според него ќе превладеат во битката против милитантите од Исламска држава кои го контролираат градот Тикрит. Демпси кој е шеф на американскиот генералштаб денеска рече дека во офанзивата се вклучени 23 илјади шиитски бунтовници стационирани во Иран, сунитски борци и ирачки војници наспроти стотина борци на Исламска држава. Демпси ова го изјави додека во американскиот носач на авиони патуваше кон Ирак каде што меѓународната коалиција предводена од САД обезбедува воздушна поддршка за офанзивата во Тикрит.