Напад на ноќен клуб во Мали

Најмалку пет лица загинале, а десет други се повредени во бомбашки напад на популарен ноќен клуб во главниот град на Мали Бамако.Радиото Франс интернешанал јави дека нападот се случил веднаш по полноќ на седми март. Според извештаите меѓу загинатите има тројца европјани, од кои еден Французин и еден Белгиец. Мотивот за нападот се уште е непознат.Новинската агенцијата АФП цитира неименувани полициски извори според кои двајца осомничени се уапсени.
Францускиот претседател Франсоа Оланд и белгискиот министер за надворешни работиДидие Рејндерс го осудија нападот.