Украина до март е обезбедена со испорака на руски гас

Рускиот гигант Газпром денеска соопшти дека украинската енергетска државна компанија Нафтогаз однапред направила исплата за гас, со што Украина ќе биде обозебедена со гас до средината на март. Портпаролот на Газпром Сергеј Купријанов рече дека Украина направила уште една исплата од 15 милиони долари, што е доволно за 45,6 милиони мтри кубни гас. Соопштението дојде откако Украина се соочуваше со суспензија на испораката на гас што можеше да започне денеска.