Обвинителството работи на пријавите поднесени од СДСМ

Attorney General Marco Zvrlevski.

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека кривичните пријави поднесени од страна на опозиционерите, Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Тито Петковски и Андреј Жерновски, се земени во работа.

Како што е наведено во денешното соопштение од Јавното обвинителство на РМ, повикани се подносителите на кривичните пријави, дел од нив се сослушани пред јавниот обвинител и во тек е преземање и на други дејствија со цел да се соберат известувања и релевантни докази за одлучување по кривичните пријави.

„По однос на објавените снимки и други материјали за кои се коментира дека наводно потекнуваат од примена на посебни истражни мерки, јавното обвинителство известува дека се издадени наредби до надлежни органи за преземање мерки и дејствија со цел да се извршат проверки за да се соберат известувања за тоа кој, кога и на кој начин ги објавил материјалите, нивното потекло, како и сите други правно релевантни податоци, стои во соопштението од Јавно обвинителство на Република Македонија.