Блатер: и жени на стадионите во Иран

Sepp Blatter, the president of FIFA.

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер вели дека забраната на Иран жените да присуствуваат на фудбалски натпревари е неприфатлива и треба да биде укината. Блатер, во неделникот на ФИФА пишува дека за прашањето разговарал со иранскиот претседател Хасан Рохани пред повеќе од една година, но дека ништо не се случило.

Блатер изјави дека забраната не може да продолжи. Шефот на светската фудбалска федерација рече дека кога го посетил Иран на крајот на 2013 година, забележал дека фудбалот е многу популарен во земјата, но исто така дека жените не может да присуствуваат на натпреварите.

Блатер вели дека забраната продоложува и покрај успешноста на женската фудбалска федерација. Иранските официјални лица велат дека на жените им треба заштита од грубото однесување на мажите на фудбалските натпревари.