Харисон Форд надвор од животна опасност

Американскиот актер Харисон Форд бил тешко повреден кога авионот со кој управувал се урнал поради проблеми со моторот, но се наоѓа вон животна опасност. Актерот, како што јавуваат новинските агенции, благодарение на повеќе годишното пилотско искуство успеал авионот да го насочи кон еден терен за голф и да ги избегне блиските куќи. Авионот се урнал на околу 400 метра од пистата на аеродромот во Санта Моника.