Банките во САД можат да издржат глобална рецесија

Американското министерство за финансии соопшти дека најголемите 30 банки во Соединетите држави се соодветно поставени за да издржат жестока домашна, но и глобална рецесија. Ова се наведува во годишниот извештај за силата на американскиот банкарски сектор. Во него се додава дека банките сега биле посилни од времето на финансиската криза во 2008 година, главно поради постојаното заздравување на економијата. Таканаречениот стрес тест почна во 2009 година и има за цел да ја обнови довербата во американскиот финансиски систем.