Сириската војска ликвидира командант на Ал Каеда

Воениот командант на сирискиот огранок на Ал Каеда Абу Хомам ал Шами бил убиен во вчерашната експлозија која се случила за време на состанокот на високи старешини на таа екстремистичка организација на северот на Сирија. Државната новинска агенција САНА јави дека во нападот врз седиштето на Фронтот Нусра имало и повеќе загинати припадници на Ал Каеда. Сириската опсерваторија за човекови права го потврди загинувањето на Абу Хомам. Фронтот Нусра контролира големи делови од северна Сирија. Се проценува дека во граѓанската војна што во Сирија почна во март 2011 година загинале над 220 илјади луѓе.