Кучма ја критикуваше реакцијата на Западот за случувањата во Украина

Former Ukrainian president Leonid Kuchma.

Поранешниот украински претседател Леонид Кучма го критикуваше одговорот на Западот на како што вели суровото прекршување на договорот за прекин на огнот од страна на проруските сепаратисти кои го игнорираа примирјето и во голема офанзива го зазедоа стратегискиот град Дебалцеве. Тој изјави дека откако бил постигнат договорот за прекин на огнот во источна Украина, со посредство на лидерите на Германија и Франција, Русите ја продолжиле војната со крвава офанзива во која бунтовнивците го зазеле Дебалцеве.