Царнаев го планирал нападот на Бостонскиот маратон

На отворањето на судењето против Џохар Царнаев, 21 годишниот натурализиран американец со киргистанско потекло неговиот адвокат Џуди Кларк изјави дека Царнаев ги поставил бомбите за време на одржувањето на маратонот во Бостон во 2013 година. Притоа загинале три лица, додека 264 биле ранети. Царнаев е обвинет и за убиство на еден полицаец. Адвокатот Кларк дополни дека Џохар бил радикализиран и изманипулиран од неговиот постар брат Тамерлан кој беше убиен во престрелка со полицијата четири дена по нападот. Ако овој аргумент биде прифатен тогаш Џохар Царнаев наместо смртна може да добие казна доживотен затвор.