Саакашвили бара САД да и испратат оружје на Украина

Михаил Саакашвили

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој сега е советник во администрацијата на украинскиот претседател Петро Порошенко ги повика Соединетите држави да ја снабдат Украина со оружје. Зборувајќи пред Комитетот на американскиот Сенат за надворешни односи, Саакашвили изјави дека на Украина и е неопходно противтенковско оружје за да го запре, како што рече, руското напредување. Тој предвидува дека Русија ќе освои уште територии на југот и на истокот на Украина и ќе се обиде да ја дестабилизира владата во Киев.