Кери на средби со арапските министри за преговорите со Иран

Американскиот државен секретар Џон Кери е во Саудиска Арабија на средби со неговите колеги од арапските земји за статусот на нуклеарните преговори со Иран. Тој пристигна во Ријад по тридневните преговори со шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф во Монтре, Швајцарија со цел да се убеди Техеран да се откаже од програмата за збогатување ураниум во замена за натамошно олеснување на санкциите. Како и Израел, така и арапските, сунитски земји од Персискиот залив се сомневаат дека главно шиитскиот Иран се обидува да дојде до нуклеарно оружје.