Напад врз американскиот амбасадор во Јужна Кореа

Претседателката на Јужна Кореа Парк Геун Хие

Претседателката на Јужна Кореа Парк Геун Хие оцени дека нападот со нож врз американскиот амбасадор Марк Липерт е напад врз јужнокорејско американското сојузништво. Липерт имал повреди на лицето. Белата куќа соопшти дека повредите не биле опасни по неговиот живот. Полицијата го уапсила напаѓачот. Станува збор за 55 годишниот Ким Ки Џонг левичарски националист кој порано бил осуден за фрлање камен врз јапонскиот амбасадор во Сеул во 2010 година.