Иран и Западот постигнаа напредок во разговорите за нуклеарната програма

Американскиот Државен секретар Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ги завршија тредневните разговори околу нуклеарната програма на Техеран. Зариф изјави дека е постигнат напредок за време на разговорите, но дека се уште е останува многу работа.

Неидентификуван американски претставник исто така соопштил дека е постигнат одреден напредок, но дека претстојат многу предизвици. САД и петте други сили бараат договор со Иран според кој Техеран ќе ја лимитира својата нуклеарна програма во замена за ослободување од санкциите.

Вчера, израелскиот Премиер Бенјамин Неранјаху, предупреди дека нуклеарниот договор со Иран може да го отвори патот на Техеран кон креирање на нукеларна бомба, а не да го спречи тоа. Американскиот претседател Барак Обама, изјави дека Нетанјаху не понудил одржлива алтернатива. Кери соопшти дека на 15 март ќе ги продолжи преговорите со Иран. Тој наведе одреден напредок, но вели дека и натаму постои значителен јаз.