Десетици загинати во експлозија во рудник во Украина

Emergency vehicles outside Zasyadko coal mine.

За десетици лица се стравува дека се загинати по експлозија во рудникот за јаглен во градот Доњецк во источна Украина, кој е под контрола на проруските сепаратисти. Претседателот на Парламентот Володимир Гројсман, рече дека може да потврди оти загинало само едно лице во инцидентот во рудникот, отстапувајќи од претходните изјави дека загинале 32 рудари. Гројсмен на пратениците им рече дека 32 рудари се уште се водат за исчезнати. Претставниците на сепаратистите изјавија дека 33 лица загинале, а околу 30 се заглавени откако наводно се случила експлозија на метан. Било пријавено и дека четириесет лица се повредени.