Активист од Таџикистан осуден на 17 години затвор

Судот во Душанбе на таџикистански маж му изрече 17 и пол години затвор за навреда на претседателот, за повикување на екстремистички активности и дека бил член на забранетото опозициско движење „Група 24“. Умејон Солехов беше уапсен во октомври. Тој го повикуваше претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон да поднесе оставка. Солехов инсистираше дека никогаш не бил член на движењето „Група 24“. Минатата недела властите блокираа стотици сајтови откако Групата 24 ги користеше социјалните мрежи да повика на антивладини протести во Душанбе.