Околу 12 илјади руски војници во источна Украина

Командантот на американските сили во Европа Бен Хоџис

Командантот на американските сили во Европа Бен Хоџис процени дека околу 12 илјади руски војници ги поддржуваат сепаратистите во источна Украина. Според него станува збор за воени советници и борбени сили. Хоџис оцени дека помошта со оружје на Украина ќе претставува зголемување на влогот за претседателот Владимир Путин дома. „Кога мајките ќе видат како синовите им се враќаат во ковчези тогаш цената се зголемува и домашната поддршка опаѓа“, изјави тој, додавајќи дека Украина сакала разузнавачки и одбранбени капацитети кои можат да ги запрат руските тенкови.