Нови жртви во украинскиот конфликт

Украина соопшти дека три лица се убиени и девет биле повредени во последните 24 часа во источна Украина. Жртвите ја истакнуваат кревкоста на договорот за прекин на огнот меѓу владините сили и проруските сепаратисти, кој пред две недели беше постигнат во Минс. Во конфликтот од април минатата година, загинаа повеќе од 6000 луѓе.

Украинскиот воен портпарол соопшти дека сепаратистите во текот на ноќта 22 пати гранатирале украински позиции. Во меѓувреме, сепаратистите ги обвинија владините сили дека грнатирале во околината на Доњецк во текот на ноќта. Вчера Киев соопшти дека Украина, Русија, Франција и Германија се согласиле ОБСЕ да ги набљудива областите каде е пријавено прекршување на примирјето.