Индија и Пакистан ќе одржат разговори на високо ниво

An Indian Border Security Force.

Високи претставници на Индија и Пакистан денеска треба да одржат разговори, кои ќе бидат на највиско ниво откако Њу Делхи лани ги откажа разговорите. Индискиот секретар за надворешни работи ќе се сретне со неговиот колега од Исламабад.

Рангот двајцата дипломати е еднаков на заменик Министер за надворешни работи. Во август, индискиот Премиер Маредндра Моди, ненајдејно ја откажа последната рунда разговори во Исламабад, во знак на незадоволство бидејќи пакистанскиот претставник во Њу Делхи се сретна со кашмирските сепаратисти.

Пакистан и Индија се бореа во две војни околу Кашмир, откако двете земји се поделија во 1947 година кога заврши британското владеење. Химелајскиот регион е поделен меѓу двете земји со недефинирана граница, кој е еден од најтешко милитаризираните во светот.