Меркел повика на нова рунда разговори за Украина

Германскиот канцелар Ангела Меркел покани високи претставници на Украина, Русија и Франција на уште една рунда разговори за украинската криза која би се одржала на 6 март во Берлин. Ова било предложено за време на телефонскиот разговор меѓу Меркел и претседателите на трите земји Путин, Порошенко и Оланд. Тие се договориле дека ОБСЕ би требало да игра посилна улога во надгледувањето на примирјето и на повлекувањето на тешкото оружје од источна Украина.