Нетанјаху во Конгресот на САД против договор со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе има обраќање пред двата дома на американскиот Конгрес на кое ќе се осврне врз можниот договор за иранската нуклеарна програма. Во говорот пред израелските поддржувачи во Вашингтон тој предупреди дека договорот би можело да претставува закана за израелскиот опстанок. Во исто време, Нетанјаху оцени дека односите меѓу неговата земја и Соединетите држави биле посилни од кога и да е претходно. Републиканските законодавци го поканија Нетанјаху да зборува во Конгресот без да го консултираат американскиот претседател Барак Обама.