Собранието ги изгласа измените за полицијата

Пратениците вчера ги изгласаа измените на Законот за полиција со кои се дозволува употреба на гумени куршуми за спречување инциденти во случај на поголемо насилство на протести. Исто така се предвидува полицијата, покрај досегашните средства кои ги имаше на располагање, да може да користи и електрични парализатори и шок бомби. На полицијата, со новите измени на Законот, и се дозволува да врши и видео надзор во постапките со граѓаните, а снимките би ги користела доколку граѓаните се пожалат дека полицијата незаконски постапила кон нив.