Шеста „бомба“ на Заев - Празен буџет, а милиони евра за споменици

Непродуктивните трошењата за споменици при празна државна каса се тема на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој објави нови снимени разговори меѓу, како што рече, вицепремиерот Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на кои се слуша како тие разговараат дека нема пари во буџетот.

Заев рече дека со овие разговори се покажува зошто Јанкулоска и Ставрески се најприслушуваните министри од страна на премиерот Никола Груеввски и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков. Според него, емитуваните разговори покажуваат дека Груевски издавал наредби да работат противзаконски, за незаконско подигнување милионски кредити од странство, реклами, споменици и уметнички слики, кога биле доведени ви прашање платите на вработените во администрација.

Денешната прес конференција е шеста по ред на која СДСМ ги објавува таканаречените бомби. Досега беа објавени телефонски разговори на кои се слуша договорање околу судски кадри, судски и јавнообвинителски одлуки, детали за апсењето на Бошкоски и медиумска перзентација , случајот со уривањето на Космос на Фијат Цановски и прислушувањето на новинари.