Руските воени авиони ќе продолжат со патролирачки мисии

A Russian Tupolev Tu-95 strategic bomber.

Русија соопшти дека нејзините авиони бомбардери со долг дострел и во иднина ќе продолжат да патролитаат на разни делови од светот и можно е да ги прошират летовите и во други региони.

Рускиот Министер за одбрана Сергеј Шоигу, денеска рече дека летовите се одвиваат редовно и дека не планираат да се откажат од ваквата практика. Шоигу додаде дека Русија ќе истражува нови области за патролирање за стратегиските бомбардери, земајќи ја во предвид меѓународната соработка со нивните сојузници во другите региони во светот.

Тој исто така рече дека Русија оваа година ќе модернизира 13 стратегиски авиони со дог дострел. До 2020, вели Шоигу, 70 потсто од воздушната флота ќе биде модернизирана. Земјите членки на НАТО оваа година неколку пати пресретнаа руски воени авиони во услови на зголемени тензии меѓу Западато и Русија.