Британските ученички снимени во Истанбул на пат за Сирија

Истанбул

Снимки од безбедносни камери покажуваат дека трите британски ученички биле во Истанбул на нивниот пат за Сирија за да им се придружат на милитантите на Исламската држава. Тие неколку часа чекале на автобуска станица пред да заминат за Сирија. Британската полиција и семејствата на девојчињата ги повикаа да се вратат дома откако тие на 17 февруари од Лондон со авион пристигнале во Истанбул.