Кери и Лавров на средба во Женева

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Женева ќе разговара со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на маргините на состанокот на Советот на Обединетите нации за човекови права. Се очекува на агендата да доминираат ситуацијата во Украина и убиството на еден од главните критичари на Кремљ Борис Немцов. Американскиот државен секретар денеска во Монтре ќе се состане и со шефот на иранската дипломатија Мухамад Џавад Зариф за контроверзната нуклеарна програма на Техеран.