Босна и Херцеговина одбележува 23 години независност

Bosnia and Herzegovina, Srebrenica, marking the Independence day of BiH 1 march 2015

Во Босна и Херцеговина денеска се одбележува денот на независноста. Претставници на јавниот и на политичкиот живот претпладнето положија венци и цвеќе пред Вечниот оган во Сараево и пред други споменици во градовите во БИХ. Членовите на здружението на мајки од Сребреница и други организации го одбележија 1.март положувајќи цвеќе во Меморијалниот центар Поточара и уште еднаш им одадоа почест на Бошњаците убиени во масакрот во јули 1955 та година.Ова е единственото место во Република Српска каде се одбележува овој празник.

Граѓаните на Босна и Хецеговина пред 23 години се определија за независна држава и овој датум се смета за еден од најважните во модерната историја на таа земја.