Шојбле:Грција да ги исполни ветувањата

Германскиот министер за финансии Вофганг Шојбле ја предупреди владата во Атина дека нема да добие нова транша помош ако не ги исполни очекувањата.Новата грчка влада има огромна доверба од граѓаните. И јас имам доверба во таа влада дека ќе ги примени неопходните мерки,ќе воспостави поефикасна наплата на даноците и дека ќе ги исполни сите услови под кои доби помош, изјави Шојбле.

Во интервју за германките медиуми министерот дополнил дека на грчката влада треба да и се даде време,но истакнал дека официјална Атина мора да се придржува до условите што ги постави групата министри за финансии од еврозоната , кои во февруари го подржаа четиримесечното продолжување на грчкиот пакет за помош, откако владата во Атина го предаде планот за реформи.