Естонија: Парламентарни избори

Во Естонија граѓаните денеска излегуваат на парламентарни избори на кои се очекува дека мнозинство гласови ќе добие Естонската реформистичка партија предводена од премиерот Тави Роивас.

Според анкетите, реформистичката партија ќе освои 26 отсто од гласовите, а следуваат опозициската проруска партија Центар со 22 отсто и Социјалдемократите со 19 отсто.

Аналитичарите предвидуваат дека партијата на премиерот Роивас, која досега беше најбројна во естонскиот Парламент со 33 од 101 пратеници, ќе ја обнови коалицијата со Социјалдемократите