Властите не дозволуваат марш поради убиството на Немцов

Организаторите на опозицискиот протест Пролет што требаше да биде одржан во Москва го откажаа протестот поради убиството на еден од лидерите Борис Немцов и соопштија дека планираат да организираат прошетка посветена на Немцов. Московските власти меѓутоа ја отфрлија таквата можност. Претставникот на московскиот комитет за безбедност Алексеј Мајоров кажа дека маршот поради економската криза не може да се менува во акција на жалост.Маршот требаше да биде посветен на економската криза во земјата поради санкциите и падот на цената на нафтата.