ОБСЕ: Украина на раскрсница меѓу војна и мир

Специјалниот претставник на ОБСЕ, Хеиди Таглиавини, предупреди на натамошна ескалација на конфликтот во источна Украина и покрај охрабрувачките сигнали за прекинување на огнот меѓу владините трупи и проруските сепаратисти. Таглиавини во Советот за безбедност на Обединетите нации денеска соопшти дека „веројатно се наоѓаме на раскрсница меѓу војната и мирот“. Таа наведе дека борбите се намалени, заробениците ослободени и дека почнало повлекувањето на тешкото вооружување, но нагласи дека ситуацијата и натамуа останува нестабилна.