Нови жртви во украинскиот конфликт

Украина соопшти дека тројца војници се убиени, а седум се повредени во источниот дел на земјата во последните 24 часа, откако два дена немаше смртни случаи. Украинската армија соопшти дека борбите со проруските сепаратисти биле прекинати во првите борбени редови, но дека се уште има судири околу селата и аеродромот во Доњецк. Претседателот Петро Порошенко изјави дека опасностите од истокот ќе продолжат дур и ако прекине огнот меѓу армијата и проруските сепаратисти. Двете страни рекоа дека го повлекуваат тешкото оружје од првите борбени линии, во согласност со договорот од Минск.